Бернардо Силва е командантот во играта на Португалија во средниот ред и офанзивата и од него зависат многу работи, па тој повторно ќе биде голем адут за победа што домаќините ја очекуваат против Македонија на 29. март за ново учество на Мундијалите.
Но Португалците сџе и претпазливи, бидејќи гости на „Драгао“ во Порто задутре ќе им бидат опасните Македонци. Ги елиминиравме Италијанците, а во ист цииклус на квалификации за настап на Светското првенство ги победивме и Германците, што се два големи успеси против четирикратни светски прваци.
„Нема аутсајдери во модерниот фудбал. Мора да внимаваме и многу сериозно да одиграме ако сакаме победа и настап на Светското првенство во Катар“, вели играчот на Манчестер сити.
Силва е воодушевен од атмосферата на стадионот „Драгао“ во Порто што навивачите на поранешниот европски првак ја направија на дуелот со Турција.
Португалија победи со 3:1 и се пласира во финалниот бараж меч со Македонија, а Силва повторно ја повика публиката да го наполни стадионот.
https://twitter.com/selecaoportugal/status/1508075589995044876?s=20&t=wbt88HDaJLB1gOfNS4D7DA