Раководството на Јувентус веќе интензивно работи на летниот преоден рок, со јасна стратегија, ангажман на фудбалери на кои им истекуваат договорите во јуни. Неколку имиња се разгледуваат сериозно, а преговорите со дел од нив се веќе започнати.
Прв на листата е Леон Горецка, чиј договор со Баерн Минхен истекува на крајот од сезоната. Германскиот репрезентативец е високо рангиран во плановите на Старата дама, но конкуренцијата е силна, затоа што интерес покажува и Милан, што значи дека неговата следна дестинација лесно може да биде Серија А.
Втората опција е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Аргентинецот има ист менаџерски тим како Горецка и привлекува сериозен интерес од повеќе клубови. За да го убеди, Јувентус би морал да му гарантира стартна улога и значителна голема плата, особено поради конкуренцијата од Барселона.
Третото и најзвучно име е Бернардо Силва од Манчестер сити. Уште од јануари кружат шпекулации за негов можен трансфер во Торино, а италијанските медиуми повторно потврдуваат дека Португалецот е меѓу главните цели на Бјанконерите.
Последен на листата, но не и помалку значаен, е Зеки Челик од Рома. Турскиот репрезентативец пристигна во Рим од Лил и важи за исклучително корисен фудбалер поради можноста да игра како десен бек или централен дефанзивец, во зависност од потребите на тимот.
Јувентус очигледно се подготвува за динамично лето, со амбиција да ја засили конкуренцијата во сите линии без да плаќа големи финансиски отштети, но со сериозна конкуренција на европскиот пазар.

