13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Бернардо Силва: Играме како почетници, двапати е несреќа, ама ние сме очајни на десет натпревари

Фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва, упати големи критики за себе и за своите соиграчи по шокантниот пораз од Манчестер јунајтед. Сити доживеа пораз од градскиот ривал во шокантна завршница со 1-2, иако Граѓаните водеа со 1-0 до 87-мата минута благодарение на голот на Јошко Гвардиол.

Потоа следуваше неверојатниот пресврт на Ѓаволите, кои преку Бруно Фернандеш и Дијало стигнаа до победата и трите бода.


Бернардо Силва изјави дека тимот во финишот делувал како да играат почетници.

„Го заслуживме тоа што ни се случи. На ова ниво, еден или два лоши натпревари се несреќа, но не можеме да зборуваме за тоа кога сме лоши веќе десет натпревари. Имаме водство во дербито до 87-мата минута, а потоа нашиот корнер завршува како пенал за нив. Ако донесуваме глупави одлуки на три-четири минути пред крајот, тогаш заслужуваме да изгубиме. Гледајќи го натпреварот, само еден тим можеше да победи, но на крајот загубивме“, изјави разочараниот Бернардо Силва.

Од 1 ноември ниту еден тим во Премиер лигата нема послаб ефект од Манчестер сити, а таа статистика е причината зошто Силва инсистира дека играчите не можат да се жалат сами на себе.

„Не е само еден натпревар, има многу натпревари во последно време. Мораме да се погледнеме себеси. Може да кажете дека тоа е малку несреќа, но не е така. Тоа се одлуките што ги носиме. Во последната минута игравме како почетници. Не сакаме да правиме грешки, но тоа е малку фрустрирачки бидејќи ако го погледнете натпреварот до 86-тата минута, само ние можевме да победиме“, истакна Португалецот.

„Кога тоа се случува во десет натпревари, мораме да се погледнеме во очи и да видиме што можеме да направиме подобро. Потребна е комуникација за да ја задржиме топката во наш посед. Ако сте под притисок, исфрлете ја топката во корнер. Не е само додавањето на Матеус кон голманот. Сè е поврзано, како топката оди од Рубен Дијаш до Матеус Нуњес и Кајл Вокер. Мораме подобро“, заврши тој.

Манчестер јунајтед со овие три бода се искачи на 12-тото место на табелата со 22 бода од 16 одиграни натпревари, додека Сити остана петтопласиран со 27 бода, девет помалку од лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

Во следното коло, Манчестер сити ќе гостува кај Астон вила, додека Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека тимот на Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести