Според многумина, Бернардо Силва е најдобриот фудбалер во светот на неговата позиција. Португалецот е дел од Манчестер сити од 2017-тата година, кога за 50 милиони евра направи трансфер од Монако. Беше дел од сите големи успеси на „граѓаните“, а летово беше пред трансфер во Барселона.
Сепак, Бернардо Силва ги изненади сите со изјавата дека не оди во теретана, односно во вежбалница за кревање товар.
„Не одам во теретана. Тоа е за оние момци кои не знаат да играат со топка.“ – низ смеа рече Бернардо Силва, но многумина се запрашаа дали одговорот е шега или вистина, со оглед на одличната форма во која се наоѓа.