21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Белорусинот Боки стана најуспешен параолимпиец во историјата

Белорускиот пливач Ихар Боки стана најуспешниот спортист во историјата на летните параолимписки игри откако на Игрите во Париз стигна до 20-тиот златен медал. Јубилејниот 20-ти златен медал Боки го освои во дисциплината на 50 метри слободно во категоријата С13, во која настапуваат слабовидни пливачи.

Белорускиот Мајкл Фелпс, како што го нарекуваат Боки, се натпреварува под неутрално знаме. На Игрите во Париз победуваше и на 100 метри пеперутка, 100 грбно и 400 метри слободно.

На вкупната ранг-листа на најуспешни спортисти, Боки го надмина канадскиот пливач Мајкл Едгсон. Канаѓанецот на своето конто има 18 златни медали и три сребра, а Боки сега во своите витрини има 20 злата и по едно сребро и бронза.

На вечната листа на најдобри параолимпијци е жена, и тоа американската пливачка Триша Зорн-Хадсон. Кралицата на параолимписките игри има неверојатни 55 медали, од кои 41 се златни. Американката е родена со генетско пореметување на очите поради кое ослепела. Таа има настапи на седум параолимписки игри.

- Оглас -

Најнови вести