Заврши перфектната низа на Кожуф во Втората фудбалска лига на Македонија откако во дербито на гостувањето кај Беса во врапчиште загуби со 2:0. До пред ова коло Кожуф имаше пет победи во пет меча, но овојпат гевгеличани беа немоќни да продолжат со добрата серија.
Прв пораз и тоа убедлив претрпе и Детонит на гости во Тетово од Тетекс со 4:0.
Резултати: Башкими – Каменица Саса 2:2, Беса – Кожуф 2:0, Охрид – Скопје 1:0, Осогово – Беласица 3:1, Пелистер – Караорман 4:1, Победа – Новаци 1:1, Тетекс – Детонит 4:0, Арсими – Вардар Неготино 1:0.