Бобан Бабунски нема да го предводи тимот на Беса во пролетниот дел од сезоната. Иако склучи договор и беше промовиран, сепак, раководството на клубот информира дека ја прекинал соработката уште пред почетокот на зимските подготовки, затоа што Бабунски наводно го променил ставот во однос на претходниот договор.
„Фудбалскиот клуб Беса 1976 објавува дека Бобан Бабунски, кој беше назначен за тренер на тимот, нема да ја преземе улогата на тренер. Поради несогласувања и промена на ставот од страна на тренерот во однос на договорените услови, клубот одлучи да ја прекине соработката. Тимот ќе започне со подготвителната фаза на 10 јануари 2025 година! За сите понатамошни промени, ќе бидете информирани преку официјалните профили на клубот“, објавија од Беса.
Клубот на 15 декември објави дека Бобан Бабунски ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Беса.