Беса и Башкими битката за Прва лига ќе ја водат на стадионот во Чаир

Овој викенд фудбалската возбуда се сели на Чаир. На стадионот во Чаир в недела ќе се одигра клучниот бараж-меч за пополнување на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), каде што силите ќе ги одмерат Беса и Башкими.


Натпреварот започнува во 17 часот, а победникот ќе обезбеди место во елитното друштво наредната сезона. Одлуката беше официјално донесена денес од Фудбалската федерација на Македонија.

Покрај тоа, со ждрепка беа одредени и двојките за баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Вкупно три средби ќе се одиграат во сабота, исто така со почеток од 17 часот, а победниците ќе обезбедат билет за второлигашката сцена.

Ова се двојките:

Преспа – Слога (В) | Стадион на ФФМ

Шкендија (А) – Осогово | Стадион Кавадарци

Тетекс – Горно Коњаре | Стадион во Ѓорче

- Оглас -

Најнови вести