Беса и Пелистер лесно победија и му побегнаа на Детонит кој со пресврт загуби од Арсими

Водечките екипи во второлигашката конкуренција, Беса и Пелистер без поголеми проблеми забележаа очекувани победи од по 2-0 над Новаци, односно Каменица Саса. За разлика од нив, третопласираната екипа на Детонит Плачковица со пресврт загуби на гостувањето кај Арсими со 2-1, и сега веќе има големо заостанување зад водечките.

Беса е лидер со 47 поени, пред Пелистер кој има 42, додека екипата од Радовиш со 38 поени останува на третата позиција со шест бода повеќе од Арсими кој ги победи денес.

На останатите терени, Тетекс и осми натпревар во серија остана без победата, откако со пресврт загуби од Беласица на домашен терен со 1-2 и останува во долниот дел на табелата. На скопска „Автокоманда“, Скопје и Кожуф одиграа без голови 0-0, додека значајни победи забележаа и екипите на Башкими и Вардар Неготино, кои беа подобри од Осогово, односно Караорман.

Резултати:

Арсими – Детонит П. 2-1
Башкими – Осогово 2-1
Беса – Новаци 2-0
Скопје – Кожуф 0-0
Охрид Л. – Победа 1-0
Пелистер – Саса 2-0
Тетекс – Беласица 1-2
Вардар Н. – Караорман 2-0

- Оглас -

Најнови вести