19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Беса сепак ќе остане да се натпреварува во Втората лига

Екипата на Беса не успеа да обезбеди опстанок во Првата лига откако во баражот за останување во елитното фудбалско друштво загуби од Башкими. Веднаш по поразот од Башкими започнаа шпекулации дека Беса воопшто нема да продолжи да се натпреварува во Втората лига следната сезона и дека ја повлекува екипата од сениорска конкуренција.

Сепак, последните информации се дека веројатно расплетот ќе биде позитивен и Беса ќе остане да се натпреварува во Втората лига.

„Беса ќе игра во новата сезона од ВМФЛ. Спонзорот се повлекува, но локалната самоуправа и жителите на Добридол ќе бидат нашата поддршка“, изјави портпаролот на клубот, Шабан Синани.

Дека уште нема никаква писмена потврда дека Беса се повлекува од сениорскиот фудбал, потврдија и од ФФМ, што значи дека е многу веројатно тимот од Добридол во новата сезона да настапува во Втора лига.

- Оглас -

Најнови вести