Беса со најефикасно издание сезонава, но доволно само за бараж за опстанок

Заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Единствената дилема пред денешните средби беше дали Брера Струмица или Беса ќе игра во баражот за опстанок.

Струмичани дома го победија Работнички со 3-2 и изборија учество во ПМФЛ и следната сезона, додека тимот од гостиварски Добри Дол ќе мора да игра бараж за опстанок против третопласиранот тим од Втората лига. Беса со 4-1 го совлада Пелистер, ова беше најефикасно прволигашко издание на клубот кој беше нов тим во елитата сезонава.

Шкендија и официјално е шампион, на тетовци им е доделен шампионскиот пехар од страна на ФФМ. Тетовци денеска загубија од Силекс со 1-3.

Силекс и Работнички ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции, а директно испаднаа Воска и Гостивар, клубови кои одбија да ја доиграат сезоната.

- Оглас -

Најнови вести