Бесарт Ибраими донесе победа за Шкендија

Шкендија го победи Арсими со 1-0 на отворањето на третиот круг од првенството во Првата лига. Тетовскиот тим беше многу подобар ривал, а предноста не беше изразена со повеќе голови во мрежата на Арсими поради доброто издание на голманот Вулнет Ислами.

Капитенот Бесарт Ибраими го постигна победничкиот гол за Шкендија во 18-тата минута. Тој се ослободи од неколку противнички фудбалери, се реши на удар од 25 метри и постигна ефектен гол.

По овој триумф, Шкендија повторно заостанува три бода зад лидерот Вардар.

- Оглас -

Најнови вести