Беше брутално нокаутиран, не се сеќава на ништо од последните шест недели (Видео)

Јапонскиот боксер Џин Сасаки кој неодамна беше брутално нокаутиран од Брајан Норман џуниор во битката за светската титула во велтер категорија во ВБО верзијата, не се сеќава на ништо што се случило во претходните шест недели.

Во петтата рунда, Сасаки беше онесвестен од силниот удар со лева рака на Норман, и притоа Јапонецот удри со главата во подот од рингот, што предизвика сериозни здравствени проблеми и губење на меморијата.

„Не само што не се сеќава на борбата со Норман, туку не се сеќава ни дека мечот бил закажан. Изминатите шест недели се избришани од неговото сеќавање“, откри претседателот на клубот чиј член е Сасаки.

По натпреварот, Сасаки беше однесен во болница каде што му беше направена компјутерска томографија. За среќа, не е пронајдено внатрешно крварење, но страда од губење на меморијата.

Ова е нокаутот кој му ја избриша меморијата на Сасаки:

- Оглас -

Најнови вести