29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Баш е шик трансферот на поранешниот член на Реал Мадрид, го платија со биткоини

Давид Барал, кој е поранешен член на Реал Мадрид, направи интересен трансфер во Шпанија, а плаќањето е во криптовалути, односно со биткоини.

Барал, кој има 37 години, ќе игра за нисколигашот Криптан, клуб што го носи името на фирма што е главен спонзор и која тргува со валутата на иднината како регистрирана фирма со седиште во Валенсија.

Ветеранот беше член на Реал од 2002 до 2006 година, но не одигра ниту еден меч за Кралскиот клуб. Има настапи за Б и за Ц екипата на Реал Мадрид, но не и за сениорскиот тим.

Во Криптан се пресели од редовите на Расинг Сантандер, а има играно и за Спортинг Хихон, Леванте, Гранада и Кадис од попознатите клубови.

Трансферот и плаќањето во криптовалути е уникатен и засега прв таков случај во светот на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести