Еден од најголемите таленти пред десеттина години Ројстон Дренте доби шут-карта во Ротердам и нема да игра за новиот холандски прволигаш во следната сезона.
Дренте играше и за Реал Мадрид, чиј член беше од 2007 до 2012 година, но не успеа во целост да го потврди талентот, според кој беше најавуван како еден од најдобрите играчи во иднина.
Потоа смени доста клубови, а од 2018 година е во Ротердам, но не во неговиот матичен клуб Феенорд, туку во Спарта. Сега и оттаму доби известување дека е вишок, заедно со уште петмина фудбалери, меѓу нив и Џилијано Вајналдум, братот на многу попознатиот играч на Ливерпул, Џорџино Вајналдум.