Беше фаворитка за медал, а заврши со оценка „нула“ (Видео)

Канадската натпреварувачка во скок во вода, Памела Вер пристигна на Олимписките игри во Токио како една од фаворитките за медал, но доживеа дебакл. Канаѓанката беше во одлична форма и се очекуваше да се закити со медал на ЛОИ.

Во квалификациите започна одлично и веќе сите ја гледаа како сигурен учесник во финалето, но потоа се случи тоа што не го очекуваше. Последниот скок ѝ беше катастрофален и само падна во вода на нозе, за што се добива оценка „нула“ и автоматска дисквалификација.

„Ако продолжев со изведбата на скокот кој планирав да го направам, тогаш сигурно ќе се повредев. Нема да се откажам, во иднина ќе имам успех“, рече Вер по настапот.

https://twitter.com/i/status/1421377349250060291

 

- Оглас -

Најнови вести