Беше голема надеж на Барселона, сега ќе му биде соиграч на Бојан Миовски

Ансу Фати важеше за голема надеж на Барселона, дури го споредуваа и со Лионел Меси, но неговата кариера не се равиваше според очекуваното. 22-годишниот фудбалер добива се помала минутажа кај Ханси Флик, па сосема нормално е дека ќе бара нова фудбалска средина.

За него веќе има пристигнато понуда од Жирона, па Фату ќе се остане во Каталонија, но во минатогишната сензација и ќе биде соиграч на нашиот репрезентативец, Бојан Миовски.

Опција е позајмица до крајот на сезоната, но и продажба, а најважното за раководството на „каталонците“ е да се ослободи од него и од неговата плата. Фати своевремено вредеше 80 милиони евра, но неговата вредност сега е само 10 милиони евра, па Барселона за таа сума е подготвена да го ослободи.

- Оглас -

Најнови вести