Марко Митровиќ беше некогашна голема фудбалска надеж на Челзи. Митровиќ им се приклучи на Сините од Лондон во 2008 година, откако во тимот на Малме постигна неверојатни 97 гола во 33 меча за тимот за играчи до 16 години.
Талентот започна добро и во англискиот тим, каде што постигна седум гола во првите четири меча за тимот У18. Потоа се повреди и неговиот фудбалски развој застана.
По повредата се врати на терен, но последните две години од неговото враќање беа исполнети со проблеми со глуждот и проблеми со физичката подготвеност. Иако во 2012 година, кога му истече договорот, му беше понудено продолжување на соработката, тој реши да не прифати и да се обиде во друг клуб. Замина во Бреша, па во Ајндховен, а потоа играше и во Данска, Србија и Португалија.
Последен пат играше во 2020 година и во девет години сениорска кариера не успеа да собере ни 100 настапи. Скинатите лигаменти и неколкуте операции го зедоа данокот и Митровиќ никогаш не го покажа целиот потенцијал.
Само една година откако ја заврши играчката кариера, Митровиќ ја основа фирмата „Арктис натуралс“ и од таму заработи богатство. Таа фирма за кратко време стана водечка во светски рамки за производство на ЦБД.
ЦБ Дили канабилиол и ТХЦ се двата главни елементи кои ја сочинуваат марихуаната. ЦБД има лековито дејство и се користи за оние кои имаат несоница, ублажување на болките, рехабилитација, смирување на стресот и здравје на мозокот.
Според шведскиот весник Sportbladet, некогашниот младинец на Челзи веќе е мултимилионер благодарение на бизнисот што го започна со својот помлад брат Александар.