Беше голема надеж на ПСЖ, играше со Реал и Интер, а сега ќе потпише за Јавор Ивањица

Српскиот фудбалски клуб Јавор од Ивањица наскоро би можело да добие засилување од Франција, и тоа поранешен член на ПСЖ и екскадетски репрезентативец на Франција. Станува збор за Лоренцо Калегари, кој има 22 години и во моментов игра за второлигашот Шамбли, тим во чиј состав како позајмен е македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски.

Калегари може да игра во одбрана или во средниот ред. Со ПСЖ бил и финалист на јуниорската ЛШ.

Калегари пред четири години, кога имаше 18 години, беше дел од првиот тим на ПСЖ, играше на пријателски мечеви против Реал Мадрид и Интер, но не се задржа во првиот тим на Светците, иако играше малку, па во 2018 година замина во Џенова на Горан Пандев. Не заигра за Џенова, го испратија во Тернана, постојано е на позајмици, а сега е пред преселба во Србија, и тоа во Јавор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести