Екипата на Лестер се врати во Премиер лигата и тоа како првопласирана во Чемпионшип дивизијата. Предводник повторно беше Џејми Варди, истиот оној кој го предводеше Лестер до сензационалната шампионска титула во Англија во 2016-тата година.
Тогаш, шампионската генерација се растури, а Варди иако имаше богати понуди од европските гиганти, сепак, одлучи да остане верен на Лестер, со што го заслужи статусот на легенда и икона на клубот. На последниот натпревар против Блекбурн, Џејми Варди беше заменет во 78-мата минута и беше поздравен со овации од публиката, со оглед на тоа дека неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона и веројатно нема да биде продолжен.
37-годишниот фудбалер како капитен на екипата требаше да го крене пехарот, но не сакаше тоа да го стори сам, па ги повика Марк Олбрајтон и Рикардо Переира, и заедно го кренаа пехарот како победници на Чемпионшип дивизијата за оваа сезона.
https://twitter.com/LCFCshitposting/status/1786773567289311374?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1786773567289311374%7Ctwgr%5E0391334431407d7fbee545c4ceed5f779ba9e779%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fjamie-vardy-leicester%2F473951