Интересно беше во Хрватска – Што се случува со ВАР-системот кога има магла?

Интересен случај имаше денеска на двата фудбалски дуели во Хрватска, а модерната ВАР-технологија беше во употреба само делумно.

Густата магла во Осиек и во Загреб не дозволи комплетно во употреба да биде ВАР-системот поради невозможните услови и намалената видливост.

За среќа, немаше многу спорни ситуации на дуелот што Осиек го доби со 3:0 против Славен Белупо и потоа на згрепското дерби меѓу Динамо и Локомотива, што го добија популарните Модри со 2:0.

На Осиек му беше поништен гол во првото полувреме, но одлуката беше исправна, а ја потврди и ВАР-системот бидејќи Ерцег играше со рака, а ситуациите во кои имаше спорни офсајд-ситуации воопшто не се проверуваа со помош на модерната технологија поради намалена видливост.

 

- Оглас -

Најнови вести