Беше миленик на навивачите, а сега го поздравија со свирежи откако објави дека си заминува (Видео)

Трент Александер-Арнолд и официјално налето си заминува од Ливерпул, и тоа по 21 година во клубот. Десниот бек ги мина сите младински категории во академијата на Црвените, па стигна да биде и капитен на првата екипа. Сепак, на крајот од оваа сезона си заминува, најверојатно во Реал Мадрид.

На мечот против Арсенал беше уфрлен во игра во 67-мата минута, а повеќе 60.000 гледачи на „Енфилд роуд“ го „поздравија“ со свирежи.

Кога се подготвуваше да влезе во игра, навивачите на Црвените ја запеаја и песната за легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард, кој остана верен на својот клуб до крајот на кариерата, а тоа беше порака за Александер-Арнолд, кој одлучи да си замине.

- Оглас -

Најнови вести