Реал Мадрид се надева дека во новата сезона ќе има многу поголем успех од ланската сезона и дека во клупските витрини ќе бидат донесени нови трофеи. Чаби Алонсо е тренерот кој ја доби довербата да биде нов тренер на Реал Мадрид.
Алонсо има задача да го врати тимот на победничките патеки, а интересно е дека тренерот посебно внимание посвети на Орелиен Чуамени. Францускиот репрезентативец во минатата сезона беше многу критикуван и многумина мислеа дека Чуамени летово ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, ситуацијата се смени во корист на Чуамени. Французинот успеа да ги освои симпатиите кај тренерот Алонсо, а посебно добар беше на Светското клупско првенство. Чуамени дојде во Реал во 2022 година од тимот на Монако за 80 милиони евра, а досега има одиграно 146 мечеви, а постигна и пет гола.