Здравствената ситуацијата во Челзи не е добра, многу играчи се заразени со корона-вирусот, па на утрешниот дуел со Брентфорд од Лига купот на Англија шанса да заигра за Сините чекаше да добие Луис Бејкер, некогашниот голем талент на англискиот фудбал.
Бејкер, кој има 26 години, за Челзи дебитираше на 5 јануари 2014 година, во клубот веруваа дека е иднина на клубот, настапи на меч од ФА купот кога во финишот влезе на местото на Бразилецот Оскар, но оттогаш веќе никогаш повторно не се појави на терен на официјален меч на Челзи.
Оттогаш поминаа речиси осум години, Бејкер постојано беше испраќан на позајмици, а утре можеше ќе добие шанса повторно да заигра за првиот тим на Челзи. Многу играчи се отсутни, па тренерот Томас Тухел повика играчи од резервниот тим, меѓу нив и Бејкер, кој играше за селекциите на Англија до 17, 19, 20 и 21 година и даде 19 гола на 45 меча.
Но, малерот Бејкер нема да игра ни утре. Тој е позитивен на ковид-19 и замина во изолација.