21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Беше најголемо жариште на корона-вирусот во Европа, а први планираат да играат фудбал со публика во Топ-5 лигите

Уште шест кола остануваат до крајот на сезоната во Серија А, а првите луѓе во шампионатот се надеваат на оптимистички најави, а тоа е дека можно е пред да заврши сезоната, да има навивачи на трибините. Веќе неколку кола во Серија А се одиграа пред празни трибини и засега немаше никакви проблеми.

Челниците на Серија А на последниот состанок со клубовите дале најава дека на Фудбалската федерација на Италија ќе им предложат отворање на вратите од трибините.

„Потврдено е дека има потреба барем делумно да бидат отворени вратите на стадините. Тоа треба да биде согласно со безбедносните мерки. Изготвен е протокол кој ќе биде предаден на претседателот на Федерацијата. Серија А се надева дека секој клуб ќе добие можност да ги отвори своите стадиони за определен број луѓе, и тоа пред крајот на оваа сезона“ велат челниците на Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести