Беше најмлад стрелец во историјата на Ла Лига, сега е „буцко“, ама уште дава супер голови (Видео)

Легендата на Виљареал, Сиско Надал, има прекумерна тежина, но покажа дека уште е мајстор за фудбал.

Надал во јуни 2003 година стана најмлад стрелец во историјата на шпанската Ла Лига, кога на еден меч помеѓу Виљареал и Еспањол даде гол на возраст од 16 години и 153 дена. Подоцна тој рекорд беше урнат од Икер Мунијаин, а сега рекордер е Ламин Јамал, но и Надал е запишан во историските книги на шпанската лига.

Надал во 2018 година ја заврши играчката кариера.

На еден турнир за ветерани во САД, Надал постигна убав гол во стилот на Роналдо Назарио, кој вреди да се види:

- Оглас -

Најнови вести