Беше најмладата гренслем шампионка во 21 век, денеска се посрамоти на Вимблдон

Бјанка Андрееску доживеа вистински дебакл и испадна веднаш на стартот на Вимблдон со пораз од 2:6, 1:6 од Ализ Корне. Бјанка беше најмладата гренслем-шампионка во 21 век со триумфот на Отвореното првенство на САД пред две години, а денеска успеа да освои само три игри во првиот меч на ова издание на гренслемот во Лондон, а активно на Вимблдон се задржа само еден и пол час.

Корне ја разби противничката, која со триумфот на Отвореното првенство на САД пред две години стана најмладата тенисерка со вреден пехар од четирите најценети тениски турнири во овој милениум.

Бјанка има 21 година, родена на 16 јуни во 2000 година и успеа да приреди голема сензација на гренслемот во Њујорк во 2019 година со триумфот против Серена Вилијамс во финалето на Отвореното првенство на САД.

Очигледно е дека е далеку од таа форма, па Корне лесно се пласира во второто коло на Вимблдон.

По Андрееску, втора тенисерка што е родена во овој век, а успеа да стане гренслем-шампионка е Игра Швјонтек од Полска. Полјакињата победи на Ролан Гарос лани, а денеска ќе игра со Вера Звонарева во меч од второто коло на Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести