Беше најскапиот играч во историјата на Ипсвич и англиски репрезентативец, сега бие важна животна битка

Кјерон Даер ја бие најважната животна битка и очекува трансплантација на бубрегот во наредните недели, откако му беше утврдено дека неговиот е оштетен и не функционира нормално.

Даер неколку години има проблеми со бубрегот, но сега ќе мора да му биде трансплантиран нов.

„Уште пред неколку години на преглед ми соопштија дека во иднина ќе треба да ми биде пресаден нов бубрег. Сега веќе нема избор и во наредните неколку недели ќе пројдам неколку серии на тестирања за да ми биде трансплантиран нов орган“, изјави Даер.

Моментно тој работи како тренер на младата екипа на Ипсвич,клуб во кој ја почна кариерата и за кој одигра над 100 меча. Во 1999 година се пресели во Њукасл за сума од 6 милиони фунти и тогаш стана најскапиот играч што Ипсвич го продал во клупската историја.

Има играно и за Вест хем, повторно за Ипсвич, за Квинс Парк ренџерс и Мидлсбро, каде во 2013 година и ја заврши играчката кариера.

Даер беше и англиски репрезентативец и настапи 33 пати за Гордиот Албион, но не успеа да постигне ниту еден погодок.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести