Беше најстар дебитант, лани играше во втората лига, а вечерва е јунакот што го слави цела Германија

Никлас Филкруг од Вердер е најпопуларната личност вечерва во Германија бидејќи тој беше човекот што ја спаси германската селекција од пораз против Шпанија и му донесе надеж на популарниот Маншафт дека може да се пласира во осминафиналето на Светското првенство.

Филкруг е првата резерва по Марио Геце од финалето на СП 2014 кој дал гол за Германија на мундијалски меч.

Неговата приказна е необична. За Германија дебитираше во средината на месецов на пријателски меч против Оман и даде гол. На таа средба, 29-годишникот стана највозрасниот дебитант во историјата на германскиот национален тим.

На клупски план, Никлас со 19 гола во Цвајта му помогна на Вердер да се врати во Бундеслигата. Сезонава во првата лига има 10 гола на 14 настапи. Поголемиот дел од кариерата го мина во втората лига, а прекарот му е „lücke“ што значи празнина, порадо неговите предни заби.

- Оглас -

Најнови вести