Поранешниот бразилски фудбалер и играч на Милан, Алешандре Пато, е без клуб откако минатиот месец му заврши договорот со екипата на Сао Пауло.
Пато, кој пред 15-тина години беше прогласен за најголем фудбалски талент, во 2007 година од Интернасионал за сума од 24 милиони евра се пресели во Милан.
Токму во Милан играше најдобро во неговата кариера, но повредите го успорија неговиот развој, поради што челниците на италијанскиот тим во 2013 година одлучија да го продадат на Коринтијанс. Пато потоа играше и за Сао Пауло, Челзи, Виљареал, Тијанјин, Орландо и минатата година се врати во Сао Пауло.
Во надеж дека наскоро ќе најде клуб, Паро тренира сам во Сао Пауло.
Алешандре Пато во кариерата одигра 453 натпревари и постигна 172 гола, а за репрезентацијата на Бразил настапи на 27 меча и даде десет гола.