Беше прв, но не погледна назад и прерано славеше победа, па се посрамоти за цел живот (Видео)

Има работи кои мора да ги видите за да поверувате дека се вистинити, така е и со овој случај на бразилскиот мотоциклист Андре Верисимо, кој требаше да победи на трка, но прерано почна да намалува гас и да ја прославува „победата“ на неколку стотини метри пред целта. Верисимо беше неверојатно невнимателен, се качи на седиштето, ги крена рацете во воздух и не забележа дека двајца конкуренти се блиску зад него.

Освалдо Филјо и Марсело Скаф се бореа за второто место и во самиот финиш успеаја да го претркаат Верисимо, па малерозниот и несуден победник го освои само третото место. За утеха, Верисимо уште пред оваа трка ја имаше осигурено титулата, па овој кикс не влијаеше врз генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести