Беше прв пик на драфтот, заработи 61 милион долари, а сега остана само со 3.000 долари

Џо Смит е кошаркарот кој во 1995 година беше избран за прв пик на НБА-драфтот и замина во екипата на Голден стејт. Иако беше прв пик, Смит никогаш не стана голема НБА-ѕвезда, но сепак одигра 16 сезони во најсилната кошаркарска лига и смени дури 12 клуб.

Во НБА-кариерата Смит заработи вкупно 61 милион долари, сума со која не може да се пофалат многумина кошаркари. Силното крило НБА-кариерата ја заврши во 2011 година во дресот на Лос Анџелес лејкерс, а само неколку години подоцна целото богатство на Смит исчезнало.

Трошејќи многу пари и со наталожување на долгови, Смит остана речиси со празна сметка. Купувал луксузни куќи во сите градови во коишто играл, а сакал да вози и скапи автомобили. Останал само со 3.000 долари, поради што паднал во депресија.

„Паднав многу ниско. Ментално се чувствувам многу лошо“, рече Смит, кој сега финансиски закрепнува работејќи во својата кошаркарска школа. Сопругата на Смит има своја Only Fans страница од каде што заработува за да може семејството да живее достојно.

- Оглас -

Најнови вести