Беше шампион на Премиер лигата, направи трансфер во Челзи, а сега работи на градилиште

Дeни Дринквотер (34) беше дел од тимот на Лестер сити кој во сезоната 2015/16 изненадувачки ја освои титулата во Премиер лигата со десет бода предност пред второпласираниот Арсенал. Само две години претходно со Лестер го обезбеди влезот од Чемпионшип во Премиер лигата. По освојувањето на титулата, се проби и до англиската репрезентација, а малку подоцна направи трансфер вреден 37,9 милиони евра во Челзи.
Денес, Дени работи на градилиште.

По бајката со Лестер, падот на Дринквотер започна со трансферот во Челзи, каде што не успеа да се избори за место во тимот. Почнаа сѐ почесто да го мачат и повредите, следуваа позајмици во други клубови и крај на кариерата во 2022 година.

Во меѓувреме, Дринквотер имаше и проблеми со законот.

Покрај тешката фудбалска ситуација, имаше и проблеми во приватниот живот. Почна со ноќни излегувања, а по едно од нив заврши во затвор. Учествуваше во сообраќајна несреќа по која беше уапсен и поради која му беше одземена возачката дозвола на 20 месеци.

Две години по крајот на фудбалската кариера, ги изненади своите следбеници на „Инстаграм“ со објава од новото работно место. Се фотографираше на градилиште.


Тоа очигледно предизвика негативни коментари и исмевање, па тој објави уште едно „стори“ на кое го копираше одговорот на еден од неговите следбеници, кој напиша дека го „допрел дното“.

Дринквотер одговори дека градилиштето е негов избор и дека му се допаѓа тоа што го работи во моментот, речиси идентично како и фудбалот години претходно.

- Оглас -

Најнови вести