Беше стрелец во историската авантура во ЕЛ, сега е сигурен: Ние сме Вардар и ќе се вратиме каде што припаѓаме

Дејан Блажевски ќе биде лидер на првата генерација вардарови фудбалери што ќе играат во Втората македонска лига, а последниот фудбалер што се уште игра од генерацијата која пред четири години настапи во Европа Лигата е оптимист.

„Најважно од се е што ситуацијата со Вардар полека се средува. Имаме нов финансиер, па очекуваме брзо да се стабилизира клубот. Ние сме Вардар и очекувам брзо да се вратиме каде што му е местото на најтрофејниот македонски клуб“, рече Блажевски.

Искусниот 35-годишен офанзивец беше стрелец на еден од трите гола што ги постигна Вардар во историската авантура за македонски клуб во Европа Лигата во 2017 година. Сега ќе биде лидер во поинаква улога во Вардар, првпат каков второлигаш од самостојна Македонија и ќе се обиде да ги предводи соиграчите до експересен кам-бек во прволигашкото друштво.

На денешната прва прозивка под команда на новиот тренер Горан Симов пристигнаа и припадниците на навивачката група „Комити“ кои им дадоа поддршка на фудбалерите на самиот почеток од подготовките за настапот во Втората лига.

 

- Оглас -

Најнови вести