Беше светски првак со Италија, одлежа две години во затвор, а сега моли да го ослободат татко му кој е осуден на 19 години зад решетки

Поранешниот голгетер на Јувентус, Виченцо Јакинта, речиси по две години поминати во затвор, беше ослободен. Фудбалерот кој беше светски првак со Италија беше осуден за нелегално поседување на оружје, за што доби повеќегодишна затворска казна, но неодамна доби помилување.

Заедно со Јакинта беше осуден и неговиот татко Џузепе, кој немаше среќа да биде помилуван. Џузепе е обвинет дека е дел од криминална група која продава нелегално оружје и за тоа беше осуден на 19 години затвор. Виченцо сега јавно моли неговиот татко да биде ослободен бидејќи има 63 години и постои голема можност да е заразен со корона-вирусот затоа што во затвор не постои можност за социјална дистанца.

„Уверен сум дека мојот татко беше неправедно осуден. Ова е планот на затворот во кој е татко ми. Како може затворениците тука да држат социјална дистанца?“, напиша Виченцо постирајќи ја скицата од затворот.

Јакинта се плаши дека неговиот татко има корона-вирус. „Џузепе може има корона-вирус. Бараше да биде тестиран, но уште нема одговор на неговото барање. Нема температура, но има воспаление на грлото, а и бил во контакт со затвореници кои се заразени. Еден затвореник веќе почина. Поднесовме барање на 23 април, но тие ми одговорија дека добро било во затворот. Ако Џузепе почине од корона-вирус, ќе покренам голем процес“, се закани Виченцо Јакинта, кој четири години помина во дресот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести