Беше трагичар во финалето, а сега сакаат да го откупат неговиот договор од Челзи

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, беше трагичарот на Интер откако успеа да промаши колосална шанса за 1-1 во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Тој во Милано настапува како позајмен фудбалер од Челзи, а сопственикот на Интер, Стивен Жанг, вели дека сега ќе го откупи неговиот договор.

– “Лукаку покажа одлична врска со Интер, тој е неверојатен. Тој има договор со Челзи и наскоро треба да разговараме со нив за да видиме што ќе се случи. Сакаме да го купиме.“ – вели Жанг.

Интер загуби од Манчестер Сити, но одигра рамноправен натпревар и доколку Лукаку успееше да погоди, кој може да знае во кој правец ќе отидеше натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести