Беше трет играч во светот, а сега се враќа на теренот како 757-ми на АТП-листата

Аргентинскиот тенисер Хуан Мануел дел Потро по повеќе од две години пауза, повторно се враќа во професионалниот тенис. Некогагашниот освојувач на Отвореното првенство на САД (2009 година) ќе се обиде да се врати во препознатливата форма иако има 33 години.

Дел Потро доби вајлд-карта за настап на Аргентина Опен во Буенос Аирес (7-13 февруари), а потоа очекува да биде дел на многу посилниот турнир од категоријата АТП 500 во Рио де Жанеиро (14-20 февруари).

Аргентинецот последен пат играше во средината на 2019 година, а потоа имаше дури четири операции на коленото, од кои последната беше во март минатата година. Дел Потро вкупно освои 22 трофеи, а има и две медали од Олимписките игри. Во Лондон 2012 година ја освои бронзата, а четири години подоцна, на Игрите во Рио де Жанеиро стигна до среброто.

Иако заработи над 30 милиони долари, шокантно делува веста дека неговиот татко ги потрошил сите пари што ги заработил Хуан и сега тенисерот е во долгови.

Најдобриот пласман во кариерата на Дел Потро беше третото место на АТП-листата, а сега со реактивирањето се наоѓа на 757-мата позиција во светот.

- Оглас -

Најнови вести