Јари Литманен беше еден од најдобрите фудбалери во својата генерација. Тој е легенда на фудбалот во Финска. За националната репрезентација има 137 меча, а на клупски план траен печат остави во дресот на Ајакс, каде што играше во периодот од 1992 до 1999 година.
Врвот на кариерата му беше во 1995 година, кога со Ајакс ја освои Лигата на шампионите. Таа сезона Литманен беше трет најдобар играч во изборот за Златната топка. Во 228 меча за Ајакс, Литманен постигна 129 гола. Подоцна играше и за Барселона и за Ливерпул, а професионалната кариера ја заврши во 2011 година на 40 години како играч на Хелсинки.
Литманен сега има 54 години, но уште е активен на теренот. Игра за третата екипа на клубот ЈК Талин Калев во Естонија. Финецот со Естонија е поврзан на тој начин што неговата сопруга е од оваа земја. Сега се одлучи да игра за овој клуб затоа што таму играат и неговите двајца синови.
„Ова беше момент кој се доживува еднаш во животот. Имав шанса да играм заедно со моите двајца синови, и тоа на официјален натпревар. Тоа беше мојот последен сон што сакав да го реализирам како фудбалер. Благодарам на тренерот, на играчите и на сите оние кои овозможија тоа да се оствари“, напиша Литманен на социјалните мрежи.
🇪🇪🇫🇮 || 54 year old Jari Litmanen made his debut for Tallinna Kalev Junnior at the start of the month and has played 2 games total.
The Finnish legend even got to be on the pitch with his 2 sons vs Zapoos
Estonian football at its finest 😅🇪🇪 pic.twitter.com/FySTHWDGCF
— 🇪🇪 Estonian Football Podcast 🇪🇪 (@EstonianFBP) October 26, 2025
Во првиот меч Литманен одигра само четири минути, но веќе на следниот дуел на теренот остана половина час.

