Беше убаво додека траеше – Болт ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот јамајкански атлетичар Јусејн Болт одлучи да стави крај на кратката фудбалска кариера откако не успеа да добие професионален договор со Централ Коуст маринерс. Болт беше на повеќе проби во неколку клубови, како Борусија Дортмунд и норвешки Стромгодсет, а последен на листата беше австралискиот клуб, каде што одигра и неколку пријателски натпревари.

Болт дури успеа да се запише во листата на стрелци на контролните мечеви за Централ Коуст, но на крајот не успеа да ги договори финансиските услови за потпишување на професионален договор. Во ноември, австралискиот клуб одлучи да ја прекине соработката со Болт, а по неколкумесечното трагање за нова средина, тој одлучи да стави крај на таа мисија и да се посвети на приватниот бизнис.

„Не сакам да кажам дека планот не ми успеа со Централ Коуст, но бидејќи со моите претставници не пристапивме на вистински начин, можам да кажам дека си ја научив лекцијата. Тоа беше убаво искуство. Уживав додека бев во тимот, беше многу поразлично отколку кога се бавев со атлетика. Но, заврши мојот спортски живот и сега е време да се посветам на мојот бизнис. Убаво беше додека траеше“, истакна Болт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести