Беше задолжен да го чува Мбапе, на полувремето го зеде неговиот дрес, а тренерот веднаш го замени (Видео)

Фудбалерот на Алавес, Абдел Абкар, беше задолжен да го чува Килијан Мбапе на мечот од Ла Лига против Реал Мадрид. Сепак, иако неговата екипа на полувремето губеше од Реал со 2-0, а токму Мбапе беше стрелец на голот за 2-0, Абкар на паузата му пријде на францускиот интернационалец и му го побара дресот.

Мбапе му излезе во пресрет и веднаш го соблече дресот, а Абкар му покажа дека тој ќе му го го даде дресот по натпреварот. Мароканецот воопшто и не излезе на тревникот во второто полувреме бидејќи веднаш беше заменет од тренерот на Алавес, но тој го навлече и гневот на навивачите на својата екипа бидејќи неговиот потег во најмала рака беше непримерен.

- Оглас -

Најнови вести