Беше ѕвезда во Манчестер јунајтед, го бараа преку 20 клубови, а сега ќе оди „на крајот од светот“ за да ја спаси кариерата

Џеси Лингард уште како дете замина во школата на Манчестер јунајтед каде помина 11 години, а потоа во 2011 година деботираше за првиот тим. Тој беше голема надеж на Црвените ѓаволи, но и на англискиот фудбал. Во дресот на Црвените ѓаволи одигра преку 230 мечеви, но дури пет пати беше даван и на позајмица во клубови како Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест хем.

Во 2022 година си замина од „Олд Трафорд“ и потпиша за Нотингем форест, но по само една сезона помината во овој тим, договорот не му беше продолжен и остана без ангажман. Англиските медииуми пишуваа дека преку 20 клубови се интересираат за Лингард, но тој не потпиша за ниту еден тим, а сега го „преспа“ и зимскиот преоден рок.

За да ја спаси кариерата, 31-годишниот офанзивен играч за врска се споменува како нов играч во екипата на Сеул во Јужна Кореја. Лингард кој има и 32 настапи за англиската репрезнетација, сега нема играно неколку месеци и ќе биде навистина чудно ако еден екс англиски репрезентативец реши да заигра во првенството на Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести