Беше ѕвезда во Премиер лигата, а сега игра за 3.500 евра: „Не е се во парите“

Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол само пред една седмица потпиша за екипата на Бордо, која настапува во четвртата француска лига, откако клубот банкротира и беше исфрлен во аматерска лига. Sвездата на Ливерпул и Њукасл заработуваше милиони, а сега во Франција игра за плата од 3.500 евра месечно.

„Да бидам искрен, скапо ме чини играњето на Бордо. Сакам да бидам дел од клупската историја. Не е сè во парите. Во мојата кариера никогаш не се вртеше сè околу парите. На крајот не е важно во која лига играте, важно е да ја оствариме целта за оваа сезона. Се работи за голем клуб и ќе направиме сè за да го вратиме таму каде што припаѓа“, рече Керол.

Англичанецот на првиот меч успеа да постигне два гола и да го спаси својот тим од пораз.

„Искрено, ова е фантастично. Навивачите се неверојатни. Губевме 2-0, а тие ни помогнаа да израмниме. Уживав во постигнувањето на головите. Беше прекрасно чувство“, додава Енди Керол.

- Оглас -

Најнови вести