Некогашниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан повторно е на фудбалските терени и повторно постигнува голови. Наинголан потпиша за белгискиот второлигаш Локерен-Темсе и во дебито за новиот клуб постигна гол и тоа директно од корнер.
Локерен-Темсе играше на домашен терен и губеше со 0:1 од Лирс, кога во 70 минута беше досуден корнер. Наинголан реши да го изведе корнерот и изненадувачки со остра топка по земја успеа да ги изненади противничките дефанзивци, па топката заврши во мрежата.
Со тој гол Наинголан израмни на 1:1 што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Наинголан во претходните 15 години имаше блескави моменти во кариерата. Започна во Пјаченца, потоа играше за Калјари, па направи трансфер во Рома каде помина четири години. Од Рома се пресели во Интер каде беше дел три сезони, но беше отстапуван и на позајмица. Антверпен, СПАЛ и Бајангкара беа неговите следни тимови, а сега е дел од второлигашот Локерен-Темсе. Наинголан има и 30 настапи во дресот на белгиската репрезентација, а има постигнато и шест погодоци.