Бешикташ е еден од трите најпознати клубови во Турција. Тоа е клуб со традиција дури од 122 години. На одбележување на годишнината од формирањето, од Бешикташ го промовираа клупскиот грб со променет изглед.
Новото лого го има задржано основниот дизајн од претходниот грб, но има променето некои мали детали кои се направени за подобрување на визуелната естетика.
Една од главните промени се однесува на еднаквата дебелина на белите и на црните граници на логото, што придонесува за подобар баланс и контраст. Исто така, црната лента во средината на логото е малку намалена во ширина, што дополнително ја нагласува симетријата на целиот дизајн. Дополнително буквите „Б“, „Ј“, „К“ и бројот „1903“ се прилагодени за да бидат поконзистентни во дебелината, создавајќи похармоничен изглед.
| Beşiktaş have released a new logo on their 122nd anniversary! ⚫️⚪️
Small changes have occured on outlines, spacing, shape, colouring etc. pic.twitter.com/MLELCDvo0p
— EuroFoot (@eurofootcom) March 3, 2025