10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Бешикташ испрати официјална понуда до Барселона за Марк-Андре тер Штеген

Екипата на Бешикташ и официјално испрати понуда до Барселона за позајмица на Марк-Андре тер Штеген. Турците сакаат да го позајмат германскиот голман до крајот на сезоната без да платат обесштетување, но да ја преземат комплетно неговата плата.

Во понудата постои и опција за откуп на договорот на Тер Штеген налето за осум милиони евра.

Во Барселона сигурно се расположени за ваква опција бидејќи Германецот не е во плановите на Ханси Флик, а во моментов е повреден, но конечната одлука треба да ја донесе Марк-Андре тер Штеген.

 

- Оглас -

Најнови вести