Мошне примамливо во понудата на Sport Life делува квотата за победа на Бешикташ на гостувањето кај Хатајспор и кај многумина обложувачи оваа двојка од турската Суперлига ќе се најде на денешните тикети.
Сепак, историјата предупредува дека Орлите, кои се фаворити, нема да имаат лесна задача.
Бешикташ трипати гостувал во Мерсин кај Хатајспор и никогаш не победил, имал два порази и едно реми. Плус тоа, Галатасара, кој е актуелен турски првак, а се бори за титула и сезонава, единствениот пораз го претрпе токму од Хатајспор. Бешикташ губеше во претходните две кола и нов кикс би бил продлабочување на кризата.
Во најавата за гостувањето, од Бешикташ објавија фотографија од трагично починатиот фудбалер Кристијан Атсу, кој загина во катастрофалниот земјотрес во февруари, можеби со надеж дека ќе добијат мал „попуст“ на терен.
„Нема да заборавиме“, порачаа од Бешикташ и добија многу симпатии за ова.