10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Бешикташ сака да го доведе Тер Штеген на позајмица

Турскиот гигант Бешикташ испратил понуда за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. Понудата е да го добијат на позајмица до крајот на сезоната без да платат трансферна сума, а притоа се подготвени целосно да ја покриваат неговата плата.

Следното летото клубот од Босфорот ќе може да го откупи Тер Штеген за 8 милиони евра, тврди каталонски „Спорт“.

Крајната одлука треба да ја донесе германскиот голман. Тој не е во плановите на Ханси Флик, а досега закрепнуваше и од повреда.

- Оглас -

Најнови вести