22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Бешикташ сака да го врати Александар Митровиќ во Европа

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Александар Митровиќ, од следната сезона можеби повторно ќе игра во Европа. Такви најави доаѓаат од Турција, каде весникот „Фотомач“ објави дека Бешикташ покажал сериозен интерес за ангажман на српскиот напаѓач и дека првичните преговори веќе започнале.

Според турските медиуми, Митровиќ е главна желба на новиот тренер на Црните орли, Оле Гунар Солскјер, кој има амбиција да состави конкурентен тим за наредната сезона и да им се спротивстави на водечките Галатасарај и Фенербахче во турската елита.

Во моментов, Бешикташ се наоѓа на петтата позиција на табелата во турската Суперлига со 50 бодови, но има натпревар помалку во однос на екипите што се пред него, Самсунспор и Ејупспор.

- Оглас -

Најнови вести