Бешикташ умешно ја искористи предноста од играч повеќе на големото дерби против Галатасарај и со два гола во последните 15-на минути победи со 2:0.
Клучен момент се случи во 58. минута при резултат 0:0, кога гостинскиот шпиц Мбаје Диање со карате удар го погоди во главата Монтеро Рубио и веднаш беше исклучен.
Опасниот старт на Диање во дуелот со Монтеро можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа Бешикташ очекувано доминираше на теренот со играч повеќе и успеа да ја искористи предноста со головите на Џозеф и на Н`Куду, победи со 2:0 и со 38 бода се искачи на врвот на табелата.
Галатасарај остана на четвртото место со 33 бода.