Бешикташ треба да победи во Баку

6758 Жалгирис – Хакен (18.00 часот)

Литванскиот првак ја елиминира Струга, па испадна од Галатасарај и сега игра квалификации за Лигата на Европа против актуелниот шампион на Шведска, кој во квалификациите во ЛШ беше елиминиран од сензацијата Клаксвик од Фарски Острови. Подобриот од овој литванско-шведски двобој ќе оди во бараж за влез во групите на ЛЕ против Абердин. Хакен е фаворит, но Жалгирис дома одигра нерешено и со Струга и со Галатасарај, па не е исклучено да остане непоразен и вечер.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.78)

 

6780 Нефтчи – Бешикташ (19.00 часот)

Гостите се фаворити на хартија на овој меч во Баку. Бешикташ ако ја прескокне оваа пречка, потоа во баражот за влез во групите во Конференциската лига би играл со Арис или Динамо Киев. Нефтчи викендов загуби во домашното првенство, а пред една недела го елиминира сараевски Железничар. Бешикташ немаше проблеми со Тирана, не би смеел да киксира ни против Азербејџанците.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)

 

6761 Олимпијакос – Генк (21.00 часот)

Грците и Белгијците имаат добра прилика да се најдат во групната фаза од Лигата на Европа бидејќи подобриот од овој дуел во баражот ќе игра со Чукарички од Белград. На „Караискакис“ во Пиреа, Олимпијакос е фаворит на хартија, но ова му е прв официјален меч летово, додека Генк е во натпреварувачки ритам. Олимпијакос нема играно меч во август, додека Генк во квалификациите во ЛЕ се најде откако испадна од Сервет во квалификациите за ЛШ.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

6762 Зрињски – Брејдаблик (21.00 часот)

Босанскиот и исландскиот тим се можни ривали на Струга во баражот за влез во групите во Конференциската лига. Поразениот оди на стружани ако македонскиот првак го совлада Есперанж. Победникот од овој двомеч, во баражот за Лигата на Европа ќе се сретне со австриски ЛАСК Линц. Во претходната рунда, тимот од Мостар испадна од Слован Братислава, додека Брејдаблик беше разбиен од Копенхаген. Исланѓаните на последните два меча одиграа со 7+ голови.

Предлог тип: 1 (1.82)

 

6712 Хајдук – ПАОК (21.00 часот)

Хајдук одлично го почна хрватското првенство, а овој меч во Сплит ќе биде од висок ризик поради случувањата во Атина пред некој ден, кога се судрија хрватски и грчки хулигани. Ова е едно од дербијата на вечерта во квалификациите во Конференциската лига, а поуспешниот ќе оди на мегдан во баражот против Розенборг или Хартс. Хајдук дома нема пораз уште од март, а ПАОК во претходната фаза против Бејтар Ерусалим покажа дека знае да биде опасен гостин.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

- Оглас -

Најнови вести